VSV

Отворање на изложбата „ОБЕДИНЕТИ СМЕ ПОСИЛНИ“

Државниот архив на Република Македонија на 6 мај (среда) 2015 година во 13.00 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност ja отвори изложбата со наслов „Обединети сме посилни“, изработена по повод 70-годишнината од победата над фашизмот.

Изложбата се состои од плакати со антинацистичка пропаганда, фотографии од војниците на Антихитлеровата коалиција како и фотографии од мировните конференции односно средбите на големите светски лидери од тоа време.

Пропагандните плакати и фотографиите прикажани на изложбата се од периодот 1941 – 1945 година.

Изложбата ја отвори д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија, заедно со Н.Е. г. Олег Николаевич Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија и Н.Е. г. Чарлс Едмунд Гарет, амбасадор на Обединетото кралство во Република Македонија. Тие во своите обраќања истакнаа дека треба да ги чуваме спомените и да ги учиме лекциите од минатото, со цел да имаме светла иднина и да не дозволиме нови војни.

Изложбата ќе биде отворена до 15 мај 2015 година.

Говорот на д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија

Говорот на Н.Е. Г-дин Олег Николаевич Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Р.M

Говорот на Н.Е. Г-дин Чарлс Едмунд Гарет, амбасадор на Обединетото кралство во Р. Македонија

Најнови објави

Движете нагоре