nas2-predlog

Информација за спомен-вечер во чест на проф. д-р Зоран Тодоровски и промоција на книгата “Ангел Узунов – Спомени” (31.3.2015 г.)

Државниот архив на Република Македонија и Издавачката куќа “Макавеј” на 3 април (петок) 2015 година, во 19:00 часот, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, организираат спомен вечер, посветена на д-р Зоран Тодоровски и промоција на книгата “Ангел Узунов – Спомени”, во редакција на д-р Зоран Тодоровски.

Проф. д-р Зоран Тодоровски беше долгогодишен директор на Државниот архив на Република Македонија, во два мандата (1999 – 2002 и 2006 – 2015 г.), кого ненадејната смрт на 5 март 2015 година го спречи во понатамошната реализација на неговата богата творечка дејност.

На спомен-вечерта, за ликот и делото на д-р Зоран Тодоровски ќе зборуваат д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија, проф. д-р Димитар Мирчев и г-н Братислав Ташковски.

Книгата “Ангел Узунов – Спомени”, која што е заедничко издание на Државниот архив на Република Македонија со издавачката куќа “Макавеј”, ќе биде промовирана од д-р Ленина Жила.

в.д. Директор,

Д-р Филип Петровски

Најнови објави