NOVOto-LOGO

„Одбележување на стогодишнината од распарчувањето на Македонија и од Првата светска војна“

Државниот архив на Македонијa на 9 декември 2015 година, во 20 часот, во просториите на иновативниот центар на „Т-home“ на плоштадот „Македонија“, ја отвори изложбата под наслов „Одбележување на стогодишнината од распарчувањето на Македонија и од Првата светска војна“. На отворањето на изложбата на оригинални фотографии и документи, чиј избор е направен од депоата на Државниот архив, говореа директорот д-р Филип Петровски и една од авторите Дора Јурукова.

„Изложбата опфаќа фотографии, документи и материјали од богатата ризница на Државниот архив на Р. Македонија. Целта е да се прикажат помалку познати материјали, со кои јавноста ќе добие барем мала претстава за тоа каква била ситуацијата во Македонија во почетокот на 20 век и какво било секојдневието на нашите предци-Македонци“,истакна д-р Филип Петровски .

„Со оваа изложба ја прикажуваме ситуацијата во Македонија, предизвикана пред сè од поделбата на нејзината територија меѓу соседните држави, а потоа втурната во нова братоубиствена војна на линијата на Македонскиот фронт“, се вели во освртот на авторите на изложбата.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...