Wikipedialogo

„ОТВОРЕН ДЕН“ во Државниот архив на Република Македонија

Државниот архив на Република Македонија на 15 јануари 2016 година се вклучи во глобалната прослава на роденденот на Википедија. Имено на настанот наречен „Отворен ден“, во своите простории прими група Википедијанци како и други гости, кои на прошетка низ Архивот имаа можност да се запознаат со работата и големината на оваа институција. Исто така посетителите имаа можност да видат дел од архивското богатство, да купат некои од изданијата на Архивот по промотивна цена, и да постават прашања до вработените, на кои добија стручни одговори. На присутнте им се обрати и директорот на Државниот архив на Република Македонија д-р Филип Петровски.

На крајот прошетката заврши со дозвола за фотографирање од терасата на Архивот, од каде го имаа најубавиот поглед кон Скопје.

Потоа матичниот Википедијанец на посетителите им говореше за почетоците на Википедија, како и други интересни податоци поврзани со слободната енциклопедија. Дел од посетителите останаа на последниот дел: кратка обука за уредување на Википедија.

Проектот „Википедија“ започнат на 15 јануари 2001. Од тогаш до денес, развојот на оваа слободна енциклопедија која секој може да ја уредува е огромен: отворени се 291 јазични Википедии, меѓу кои е и Википедија на македонски јазик. Почетоците на Википедија на македонски јазик се направени од група ентузијасти во септември 2003 година. До денес на македонски јазик се создадени нешто помалку од 85 илјади статии, сите напишани од волонтери.

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре