icarus

Состанок на ICARUS во Сент Полтен, Австрија

На 23 и 24 ноември 2015 година директорот на Државниот архив на РМ д-р Филип Петровски присуствуваше на Шеснаесеттиот состанок на Меѓународниот центар за архивско истражување – ICARUS (International Centre for Archival Research) во Сент Полтен, Република Австрија. Темата на состанокот е „Соработката – заедништвото како можност. Креативни архиви и корисничка мрежа.“ Специјална тема на настанот е „Архивскиот материјал на Средниот Исток меѓу загрозеност и солидарност“ со осврт на алармантната бегалска криза, која ја потресува и нашата земја.

ICARUS е организација со седиште во Виена, Австрија, чија цел е поврзаност на архивите, дигитализирање на архивските документи и нивна достапност преку заеднички веб-портали, кои вклучуваат земји од Европа.

Најнови објави