слика1

Соработка меѓу Државниот архив и Универзитетот во Загреб

На 9 јуни 2026 година, директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, оствари работна средба со доц. д-р Влатка Лемиќ, одговорна за Архивот на Универзитетот во Загреб.

Доц. д-р Влатка Лемиќ, покрај тоа што е раководител на Централната канцеларија за архивска граѓа на Универзитетот е и професор на катедрата за архивистика во Загреб, потпретседател на Меѓународниот центар за архивистика – ИКАРУС, претседател на ИКАРУС Хрватска, член на Извршниот одбор на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет (ЕУРБИКА), активен соработник на повеќе стручни и меѓународни проекти од областа на културата, архивската дејност и дигиталното наследство (Creative Europe, Erasmus+, Time Machine, DARIAH, AERI) и автор на повеќе стручни и научни трудови.

На средбата беше разговарано за можноста да се лоцира архивски материјал поврзан со Македонија од шеесетите години на минатиот век, како и за вклучување во меѓународни проекти од областа на архивистиката и дигиталното наследство, каде што Државниот архив може активно да придонесе. Дополнително, беше разгледана поддршката во процесот на дигитализација и перспективите за билатерална соработка со Универзитетот во Загреб, преку Катедрата за архивистика и Централната канцеларија за архивски материјал.

Најнови објави