graganskavojna2

ДИПЛОМАТСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1947-1949), книга 2

Државниот архив на Република Македонија во почеток на 2016 година го објави зборникот „Дипломатски документи за Граѓанската војна во Грција (1947-1949)“, книга 2 во редакција на д-р Новица Велјановски.

Авторот ги подели допломатските документи на две книги за периодот од (1945-1946) и (1947-1949).

Во првата книга со наслов Дипломатски документи за Граѓанската војна во Грција (1945-1946), која излезе во 2014 година, се објавени 95 документи на 483 страници каде се дадени некои видувања на историските релации и околностите што доведоа до избувнувањето на Граѓанската војна во Грција. Тие опсервации, освен за Грција, се направени и за ФНР Југославија, нејзиното конституирање по завршувањето на Втората светска војна (1941-1945) и во нејзините рамки конституирањето на НР Македонија како држава – дел од југословенската федерација во 1944 година и подоцна.

Втората книга содржи избор од 85 дипломатски документи од поранешното Министерството за надворешни работи на ФНР (СФР) Југославија за периодот 1947-1949 година, кои се чуваат во сегашното Министерство за надворешни работи на Р Србија, како наследник на дипломатската архива на поранешна СФР Југославија. Овие документи што ги објавуваме се создавани во периодот во кој Граѓанската војна беше најжестока и во кој таа трагично заврши, особено трагично за судбината на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија.

Овие документи што ги објавуваме се создавани во периодот во кој Граѓанската војна била најжестока и во кој завршила трагично, особено за судбината на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Документите се создавани во период на големо непријателство на двете завојувани страни.

Документиве ни потврдуваат дека Граѓанската војна во Грција се одвивала во три основни етапи. Првата веќе завршува во септември 1947 кога, како резултат на изборите од март 1946 год., била формирана влада, која ја формирал Софулис (17 септември 1947). Воените дејства во овој период имаат ограничен карактер. КПГ сеуште не е забранета и се двоуми за натамошниот пат на движењето: војна или парламентаризам. Нејзините обиди за соработка со десните партии не вродиле плод. Втората етапа во која САД се најдиректно инволвирани преку Трумановата докрина, завршува есента на 1948, а третата од крајот на 1948 до есента (септември) на 1949 во која се случи целосен пораз на ДАГ. Двете последни се карактеризираат со најдиректното учество на САД на страната на грчките монархистички партии и со нивно одбивање да соработуваат со левите партии ЕАМ и КПГ, кои излезот го бараат во продолжување на борбата.

Факт е дека со поразот на Демократската армија на Грција (ДАГ), пред сè беше поразена борбата на Македонците во егејскиот дел на Македонија за национална самобитност и за национална држава. Тие, со влегувањето во таа борба, го имаа пред очи примерот на Вардарска Македонија која се конституира како посебен ентитет, држава во рамките на југолсовенската федерација. За време на антифашистичката војна 1941-1945, границата меѓу Југославија и Грција фактички не постои бидејќи во двете земји се водеше антифашистичка војна.

Авторот на двете книги претставува една целина при изборот на документи. За За Граѓанската војна во Грција е пишувано многу. Пишувано е и во Грција и во Р. Македонија, но и во другите балкански земји. Во Р. Македонија со ова прашање главно се занимавале автори што потекнуваат од Грција, учесници во тие настани, односно луѓе од егејскиот дел на Македонија, кои како последица на таа војна останале да живеат во Р. Македонија и надвор од неа.

Најнови објави