Saem2017logor

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА 2017

Државниот архив на Република Македонија ќе учествува на 29-от Меѓународен саем на книгата, од 4 до 10 април 2017 година. Архивот ќе ги презентира изданијата за познатите македонски дејци, ќе изложува публикации од Турските документи, како и најбараната едиција од 9 тома односно 16 книги „Црните сраници на УДБА“ и други публикации.

Свеченото отворање на саемот ќе биде на 3.4.2017 год. (понеделник) во 19.00 часот, во фоајето на Управната зграда на Скопски саем. Работното време на саемот е 10 – 20 часот, а на 10 април 10 – 17 часот. Поединечните влезници на саемот чинат 30 денари, а организираните 20 денари по лице.

Сите изданија на ДАРМ во време на саемот се продаваат со цени снижени 30 отсто.

Најнови објави