На 19 и 20 април 2018 година, делегација од Државниот архив на Република Македонија, предводена од директорот, Кирил Петров го посети Архивот на Република Српска во Бања Лука.
Посетата е реализирана по повод 65 годишнината од постоењето на Архивот на Република Српска, основан во 1953 година. Овој јубилеј беше одбележан со свечена академија, на која беа доделени пригодни награди за најзаслужните соработници на Архивот на Република Српска, а беа организирани и неколку промоции и изложби. Беа отворени изложбите: „Мостови на Дрина“, во фоајето на Народниот театар на Република Српска, „Школството во Бања Лука“, во Банскиот двор – Културен центар и „Архивското богатство на Република Српска“, а беа промовирани и следниве публикации: зборник на документи „Школството во Босанска Крајина“, зборникот „Архивското богатство на Република Српска“, зборникот „Стопанството во Бања Лука и Босанска Крајина во зачетокот и развојот на капитализмот 1878-1941“ и фотомонографијата „Бања Лука – центар на Врбаската Бановина 1929-1941“.
На 65 годишниот јубилеј од постоењето на Архивот на Република Српска присуствуваа директорите на националните архиви на сите поранешни републики на поранешна СФР Југославија, што беше можност искористено од страна на г-дин Кирил Петров, за реализирање на индивидуални средби со сите нив, со цел да разговара за соработката на Државниот архив на Република Македонија со тие архиви и во врска со прашањата за сукцесија на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ, односно имплементацијата на Спогодбата за сукцесија и Анексот Д од истата, кој се однесува на архивите.
Во Бања Лука се остварени средби помеѓу директорот на Државниот архив на Република Македонија, г-дин Кирил Петров и г-дин Бојан Стојниќ, директор на Архивот на Република Српска, г-дин Милан Терзиќ, директор на Архивот на Југославија, г-дин Саша Клепиќ, директор на Архивот на Босна и Херцеговина и г-дин Бојан Цвелфар, директор на Архивот на Република Словенија.
Програмата за јубилејот Свечената академија по повод 65 години од постоењето на Архивот на Република Српска Од лево кон десно: г-дин Кирил Петров, директор на Државниот архив на Република Македонија, г-дин Небојша Радмановиќ, прв директор на Архивот на Република Српска и поранешен претседател на Република Српска и г-дин Бојан Стојниќ, актуелен директор на Архивот на Република Српска