На 23.2.2016 година во Музејот на македонската борба, државност и самостојност се промовирани 15 наслови од едицијата „Македонски дејци“. Четири монографии од едицијата се заеднички изданија на Државниот архив на Република Македонија и „Македоника литера“, објавени во периодот 2013-2015 година со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
На присутните им се обратија проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Спиро Ристевски заменик-министер на Министерството за образование и наука на Република Македонија, д-р Филип Петровски, директор на Државен архив на Република Македонија и проф. д-р Никола Жежов.
Монографиите од едицијата „Македонски дејци“ промовирани во оваа прилика се: „Петар Тошев“, „Апостол Петков“, „Тодор Александров“, „Христо Матов“, „Васил Чакаларов“, „Ѓорче Петров“, „Георги Поп Хрисотв“ и др.
На промоцијата присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа – Милеска, историчари, архивисти и др.
Поголемиот дел од едицијата го објави Филозофскиот факултет при УКИМ, а проектот ќе продолжи да се финализира со уште дваесетина монографии за најзначајните македонски револуционери.