5612

ПРОМОЦИЈА НА ТРЕТАТА СЕРИЈА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДИЦИЈА НА ДОКУМЕНТИ ВЕРНИ НА ОРИГИНАЛОТ

На 1 април 2016 година во Порта Македонија во рамките на 65-годишниот јубилеј од постоењето на Државниот архив на Македонија, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Државниот архив на Република Македонија д-р Филип Петровски ја промовира третата серија од Специјалната едиција на копии од репрезентативни документи од македонското културно и историско наследство, верни на оригиналот:

1. Писмото од раководството на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до војводите Кочо, Тане, Леко и Пандил во Леринско од 1905 година,

2. Потврда за примена награда во знак на благодарност за услуги кон Македонското ослободително дело на Георги Х. Митрев, од Централниот комитет на ВМРО од 1925 година,

3. Говорот на Панко Брашнаров по повод отворањето на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година,

4. Решението за македонската азбука донесено од Народната влада на Федерална Македонија, дадено од Министерството за просвета на Федерална Македонија од 16 мај 1945 и

5. Законот за химната од 1946 година.

Министерката за култура изрази надеж дека овие документи ќе го испровоцираат вниманието на нашата домашна јавност и на нашите иселеници во дијаспората.

Според д-р Петровски, се работи за документи значајни за пошироката јавност, за денешнината и за проучување на историјата на нашата држава и македонскиот народ. Едицијата е во зародиш и Архивот поседува и други значајни документи кои можат да бидат од интерес на јавноста.

Најнови објави