65a

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 65-ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 1 април 2016 година со почеток од 20.00 часот во Македонскиот народен театар Државниот архив организираше свечена академија по повод 65-годишнината од формирањето на Архивот. Почесен покровител на настанот беше претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Во присуство на претставници од Влада на РМ, од дипломатскиот кор, од меѓународните архиви, вработените, медиумите како и јавноста е одбележана 65-годишнината од основањето на Државниот архив со потсетување на развојот и на дејноста на оваа значајна институција. На присутните гости им се обратија претседателот на РМ д-р Ѓорге Иванов и директорот на Државниот архив д-р Филип Петровски.

По повод јубилејот директорот на Државниот архив ја промовира монографијата „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“, беше поставена изложба и беа претставени другите најнови активности на Архивот.

На јубилејот д-р Ѓорге Иванов да ја прими плакетата за посебен придонес, поддршка и развој на Државниот архив на Република Македонија, а благодарници беа доделени на највредните архивски работници и на дарителите на архивски материјал во минатата година.

Свечената академија беше збогатена со културно-уметничка програма: македонската химна и музичко-балетската композиција „Со маки сум се родила“ во изведба на ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, настап на квартетот „УНДУ“ со композициите „Историја на музиката“ и „Капричо“ од Драган Шуплевски, монолог од претставата „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш и „Патување низ времето“ во изведба на Драган Даутовски.

Медиумски покровител на настанот беше Македонската радио-телевизија, која емитуваше директен пренос.

Говорот на д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија сој кој им се обрати на присутните на Свечената академија, можете до го следите на следниот линк:

Филип Петровски, 65 години Државен архив на РМ, 2016

Најнови објави