NOVOto-LOGO

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА „65-годишен јубилеј на Државниот архив на Република Македонија“ (1951-2016)

Државниот архив на Република Македонија по повод 65-годишнината од своето основање, на 1 април 2016 година (20:00 часот) во Македонскиот народен театар организира свечена академија. Почесен покровител на овој настан е Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

На денот на одбележувањето на овој јубилеј ќе се одржат повеќе настани, меѓу кои и состанокот под мотото ГРАДЕЊЕ МОСТОВИ за основање професионално архивско здружение на Југоисточна Европа на кој ќе присуствуваат претставници од националните архиви од следните држави: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора, а како почесни гости претставници на Меѓународниот центар за архивско истражување, конзорциум со седиште во Виена, Австрија. Состанокот ќе се одржи на 1 април 2016 година (од 10:00 до 14:00), во просториите на Порта Македонија.

На свечената академија по повод 65 години од постоењето на Архивот на присутните ќе им се обрати д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив, кој ќе зборува за работата и досегашните достигнувања на Архивот и ќе му врачи плакета за посебен придонес, поддршка и развој на Државниот архив на д-р Ѓорге Иванов. Ќе се доделат неколку благодарници на надворешни соработници на Архивот и на истакнати архивски работници, а целата програма ќе биде проследена со културно-уметнички настапи на изведувачи од Државниот музичко-балетски училишен центар, настап на Драган Даутовски и сцена од претставата „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш.

На јубилејот ќе се промовира монографијата „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“, ќе биде поставена изложба од архивски документи и ќе бидат претставени другите најнови активности на Архивот.

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре