Во организација на Државниот архив на Република Македонија на 25 и 26 април 2016 година во Музејот на македонската борба во Скопје се одржa Советување на тема “Правна регулатива и техники на канцелариско и архивско работење“. На советувањето учествуваа претставници од државните органи и јавните институции во Република Македонија, иматели на јавен архивски и документарен материјал, а беа презентирани измените во законските и подзаконските акти за канцелариско и архивско работење, техниките на канцелариско и архивско работење, како и надлежностите на Државниот архив во инспекцискиот надзор. Исто така, се дискутираше за предизвиците пред кои се наоѓа јавната администрација во доменот на управувањето со електронските документи. Овој настан претставува почеток на серија советувања и обуки што Државниот архив планира да ги реализира во текот на 2016 година, за иматели на јавен и за иматели на приватен архивски материјал, на целата територија на Република Македонија.
Државниот архив дел од работата на Архивскиот комитет на НАТО
Во седиштето на НАТО во Брисел е во тек есенската сесија на Архивскиот комитет на