NOVOto-LOGO

Средба на г-дин Кирил Петров, директор на Државниот архив на Република Македонија со д-р Андреја Рихтер, директор на Форумот на словенските култури

На 17 август 2017 година во Државниот архив на Република Македонија, г. Кирил Петров, в.д. директор на Државниот архив оствари работна средба со д-р Андреја Рихтер, директор на Форумот на словенските култури (повеќе информации за Форумот на словенските култури на нивната официјална веб страна: www.fsk.si).

Г-дин Петров и г-ѓа Рихтер се согласија дека треба да се работи на унапредување на меѓуинституционалната соработката во Република Македонија, како и на унапредување на соработката со Форумот на словенските култури.

Д-р Андреја Рихтер на оваа средба го информираше г-дин Кирил Петров за претходната работа на Форумот на словенските култури, за тековните проекти на Форумот кои се однесуваат на архивите и во кои се вклучени скоро сите држави членки на Форумот.

Г-ѓа Рихтер истакна дека Форумот на словенските култури за првпат ги соедини архивите од словенските држави во 2013 година, со првиот заеднички проект, изложбата „Словенските градови во две димензии”, промовирана во седиштето на УНЕСКО во Париз во 2014 година и подоцна презентирана во сите држави кои учествуваа во подготвувањето на изложбата. Таа го информираше г-дин Петров дека заедничките конференции на архивите од словенските држави се одржуваат под мотото „Together” (Заедно) и се чекор напред во нивното настојување да изградат професионални врски помеѓу архивите од словенските држави.

До сега се одржани три меѓународни конференции „Together” (Заедно). Првата во Љубљана, втората во Дубровник и третата во Варшава.

На средбата се договорени активности, со цел реализирање на тековните проекти на Форумот на словенските култури, во кои е вклучен и Државниот архив на Република Македонија, а од кои се очекува да ја унапредат и да ја промовираат архивистиката во словенските држави.

Најнови објави