5612

Трет дел од Специјалната едиција на документи

Државниот архив на Република Македонија го објави и третиот дел од проектот „Специјалната едиција на документи верни на оригиналот“.

Проектот почна да се реализира во 2015 година и досега се објавени 16 документи. Едицијата ќе продолжи да се објавува, а сите заинтересирани ќе можат да ги набават ексклузивните копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, но и во сите сувенирници во надлежност на Министерството за култура.

Од големиот број архивски документи чувани во депото на Архивот за третиот дел на едицијата се избрани:

  1. Писмо од раководството на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до војводите Кочо, Тане, Леко и Пандил во Леринско, 16 мај 1905 година
  2. Потврда за примена награда во знак на благодарност за услуги кон Македонското ослободително дело на Георги Х. Митрев, од Централниот комитет на ВМРО, декември 1925 година
  3. Говорот на Панко Брашнаров по повод отворањето на Првото заседaние на АСНОМ, 2 август 1944 година
  4. Решение за македонската азбука донесено од Народната влада на Федерална Македонија, со објаснување на новите букви и темните гласови во азбуката, дадено од Министерството за просвета на Федерална Mакедонија, Скопје, 16 мај 1945 година
  5. Закон за химната, август 1946 година

Најнови објави