Државниот архив на Република Македонија и за оваа 2017 година подготви патриотски календар, кој нѐ потсетува на нашето револуционерно минато. Војводите: Александар Турунџев, Митре Влаот, Донка Ушлинова, Ѓорѓи Сугарев и Христо Узунов, Тодор Александров, Јордан Пиперката, Васил Чакаларов, Питу Гули, Андон Ќосето, браќата Тасе, Цветко и Дојчин Христови, Борис Сарафов и Петар Чаулев, се распоредени соодветно по месеци, а како на минатогодишниот, така и на овој се одбележани важни датуми и настани поврзани со Македонската револуционерна организација и нејзините дејци.
Делегација на Државниот архив на одбележувањето на 100-годишнината од основањето на Архив на Војводина
Делегација на Државниот архив, во состав, Валентина Трајаноска, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и м-р Јован