profilnologoWEB

Делегација на Федералното архивско агентство на Руската Федерација (РОСАРХИВ) во работна посета на Државниот архив на Република Северна Македонија

Делегација од Федералното архивско агентство (РОСАРХИВ) на Руската Федерација, предводена од директорот, г. Андреј Николаевич Артизов,во периодот од 17 до 19 април 2019 оствари возвратна работна посета на Државниот архив на Република Северна Македонија, чиј домаќин беше директорот, г. Кирил Петров.

Во составот на делегацијата од Руската Федерација, покрај директорот, г. Артизов беа и г. Сергеј Мироненко, директор во Државниот архив на Руската Федерација (ГАРФ) и г-ѓа Јана Златкис, архивски специјалист од истиот архив.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, Н.Е. Г-дин Серје Баздникин, како и г. Јани Богоевски од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Директорот, г. Кирил Петров изрази задоволство од досегашниот тек на реализирање на договорените иницијативи и проекти при што ги информираше гостите за превземените чекори од негова страна.

Двете институции преку формираните работни работни групи интензивно работат на подготовка и објавување на заеднички публикации за историјата на руската емиграција во Македонија како и за историјата на македонскиот народ, константираа двајцата директори.

На директорот, г. Андреј Николаевич Артизов и на амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, Н.Е Г-дин Сергеј Баздникин од македонска страна им беа презентирани информации од направените истражувања за присуството на руски воени лица на територија на Македонија во текот на Првата Светска војна.

Двете страни предложија нови активности за продлабочување на истражувањата во контекст на воената историја од двете светски војни.

Во рамки на посетата, делегацијата имаше можност да се запознае со организационата поставеност на Државниот архив на Република Северна Македонија, начинот на работа на секторите и одделенија при што на членовите на делегацијата им беа презентирани практични искуства од страна на вработените.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...