Државниот архив на Република Северна Македонија ја заокружи 2019 година со објавувањето на списанието „Македонски архивист“ број 25-26. Списанието содржи научни трудови од областа на архивистиката и историјата. Изданието изобилува со фотографии и факсимили во боја.
Во списанието се објавени следниве статии:
- Чарлс Фаруџа: Улогите на националните архиви во oпштеството;
- Марина Ѓоргиевска: Валандовската акција низ призмата на документите на Државниот архив на Република Северна Македонија;
- Кирил Бигорски, јеромонах: Хроника на едно заборавено собитие (Сто години од страдалничкиот подвиг на свештеникот и иконописец Овентиј Исаиев Фрчкоски од с. Галичник);
- Катерина Мирчевска: Еден орален запис – една лична сторија – еден историски извор – сеќавања на Викторија Ѕалева;
- Ирина Жалнина-Васиљкиоти: Архиви и библиотеки на руската „бела емиграција“ во Грција;
- Борче Илиевски: Записник од Свештеничкото собрание – мај 1946 година;
- Александар Симоновски: Досие за кривично дело број 190/1947 како извор за судењето на Миливој Трбиќ;
- Александр Стикалин, Борис Новосељцев и Татјана Волокитина: Брежнев – Тито: последната средба;
- Младен Матовски: Преземањето на архивскиот материјал од имателите – услов за негово целосно чување и заштита во периодот на транзиција во одделение – Тетово (1991-2018);
- Бранислав Светозаревиќ: Вреднување (валоризација) на архивскиот фонд „Виктор Аќимовиќ“;
- Митрополит тетовско-гостиварски, г. Јосиф: Државен архив на Република Северна Македонија – Фонд „Црковна општина Тетово“ бр. 504 и фонд „Тетовско архијерејско намесништво“ бр. 498;
- Јасмина Дамјановска, Ленина Жила: Документи за учесниците во Илинденското востание;
- Публикации на ДАРСМ (список на објавените трудови во 2018-2019);
- Хроника на настани.