Врз основа на договорот за соработка помеѓу Државниот архив на Република Северна Македонија и Дирекцијата на државните архиви при Претседателството на Република Турција беше остваренo научно истражувачки престој во Османлискиот архив во Истанбул при ПДАРТ во период од 03.11. до 09.11. 2019 година. Во текот на горе споменатиот период, а по внимателното извршено истражувања низ фондовите на Османлискиот архив за историјата на Македонија, одлучивме да продолжиме со мошне драгоцен историски архивски материјал од XIX век таму каде што застанавме претходната година односно пописни дефтери за Косовскиот (Скопскиот) и Битолскиот вилает меѓутоа ова година само за православното население како продолжеток на претходно истражувачкиот престој во повеќе од над 40 дефтери односно 4855 страници во облик на ЦД. Со ова реализирано научно истражување ДАРСМ покрај тоа што се стекнува со уште едно богатство од низа претходни стекнати богатства – историски материјали во своите депоа, се стекнува и со можноста да успее да ги докомплетира своите изданија за пописите на населението во Македонија од времето на Османлиското владеење во XIX век. Во текот на следниот период откако ке се извршат преводи од страна на нашите османолози на горенаведениот материјал најголема придобивка покрај нашите историчари ке ја имаат и читатели кои ги интересира минатото на Македонија а со тоа и пошироката македонска јавност.
доц. д-р. Аднан Шериф и проф. д-р. Музафер Бислими