Одделението во Прилеп на Државниот архив наскоро ќе прерасне и во регионален центар за дигитализација на архивските документи. Прилепскиот архив, предводен од раководителката, Елена Чагороска, ги исполнува сите услови и стандарди за тоа, како просторно, така и кадровски и со тоа значително ќе се зголеми неговата улога и функција во рамките на Државниот архив. Оваа информација ја обелодени директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, на свеченото отворање на новиот кат од 200 м2 во одделението Прилеп, на кое присуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, д-р Илија Јованоски, како и повеќе водечки општествено-политички функционери, колеги од другите одделенија во земјава и други гости.
ОДЛУКИ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 02/2022 ОД 06.06.2022 ГОД. ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Одлука бр. 02-1999/1 од 20.06.2022 год. Одлука бр. 02-2000/1 од 20.06.2022 год.