profilnologoWEB

САЕМСКИ ПОПУСТ НА ИЗДАНИЈАТА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 55 став 2 од Законот за организација на работата на органите на државната управа, а во согласност со член 22 став 2 од Правилникот за публикување во Државниот архив на Република Северна Македонија, директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија донесe ОДЛУКА за одобрување продажба со снижена цена на изданијата од Државниот архив на Република Северна Македонија.

Од 8 до 14 мај 2019 год. ќе се одржи 31. Меѓународен саем на книгата, во кој Државниот архив на Република Северна Македонија нема да учествува со своите публикации.

Директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија ОДОБРУВА снижена цена од 30% за продажба на изданијата и сите заинтересирани можат да се обратат во просториите на Државниот архив на Република Северна Македонија, кој се наоѓа на следнава адреса: Кеј Димитар Влахов бр. 19, Скопје, како и во Одделенијата на Архивот.

Оваа одлука важи додека трае Меѓународниот саем на книгата.

Линк: КАТАЛОГ НА ИЗДАНИЈА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Најнови објави