Во просториите на ДАРСМ, на 13 август 2019 година, се одржа состанок на главниот и одговорен уредник д-р Емил Крстески со редакцискиот одбор на списанието „Македонски архивист“, составен од членови од Институтот за национална историја и членови од Државниот архив. На состанокот беа утврдени содржината и редоследот на статиите за новиот двоброј на списанието (25-26) и се разгледа предлогот од претходниот состанок за вклучување нов член во редакцискиот одбор, експерт по средновековна историја. Новиот број се очекува да излезе од печат кон крајот на октомври 2019.
Делегација на Државниот архив на одбележувањето на 100-годишнината од основањето на Архив на Војводина
Делегација на Државниот архив, во состав, Валентина Трајаноска, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ и м-р Јован
