Petar Madjukov_kniga 2N logo

ДРЖАВНИОТ АРХИВ ОБЈАВИ НОВО ИЗДАНИЕ СО НАСЛОВ „ПЕТАР МАНЏУКОВ (1878-1966) И НЕГОВИОТ АНАРХИСТИЧКИ СВЕТОГЛЕД“ ЧИЈ АВТОР Е ПРОФ. Д-Р МАКЕДОНКА МИТРОВА

Издавачката дејност на Државниот архив, својата библиотека ја збогати со нов наслов „Петар Манџуков (1878-1966) и неговиот анархистички светоглед“ чиј автор е проф. Д-р Македонка Митрова, истиот претставува продолжение на Зборникот на документи со наслов: „Петар Манџуков (1878-1966): анархист и критичар на едно совремие (публикации и писма)“ објавен во 2019 година.

Обемноста и значајниот материјал изискуваше потреба од второ продолжение кое детално го истражува животот и делото на Петар Манџуков, кој спаѓа во една од неодминливите балкански историски личности кои зад себе оставиле богато публицистичко творештво. Оваа книга претставува своевидна ризница на неговата личност, дејствување и борба на една слободољубива генерација на интелектуалци кои го ризикувале својот живот за достигнување на човековите слободи и права.

Второто продолжение се фокусира на неговите литературни раскази и публикации, а особен акцент е ставен на неговата релација со бугарските општественици и колеги. Идејата на Манџуков дека анархизмот е многу повеќе од утописки сон, се сублимира во едно несомнено интересно четиво, кое ќе ви го држи вниманието до последната страница, а воедно умешно ќе ве воведе во еден сосема различен, а своеремено прогресивен период, давајќи слика за историските настани од тој период на едно малку поинаков и неконвенционален начин.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...