Logo_Zapisnici_evrejska opstina

ОБЈАВЕН ЗБОРНИКОТ „ЗАПИСНИЦИ ОД СЕДНИЦИТЕ НА ЕВРЕЈСКАТА ВЕРСКА ОПШТИНА ВО СКОПЈЕ (1946-1947)“

Во 2017 година во издание на Државниот архив на Република Северна Македонија излезе од печат Зборникот на документи насловен „Записници од седниците на Македонската еврејска верска општина во Скопје (1944-1946)“. Во вториот том од истоименото издание се следи дејноста на Еврејската верска општина во Скопје по месец април 1946 година.

Зборникот под наслов „Записници од седниците на Еврејската верска општина во Скопје (1946-1947)“ во редакција на доц. д-р Александар Манојловски, е составен од документи, односно записници од седниците, конференциите и заседанијата на Еврејската верска општина во Скопје. Во овој Зборник се претставени записници од седниците на Еврејската верска општина во Скопје преку кои се овозможува увид во континуитетот на нејзината дејност во временскиот период од мај 1946 година, па сè до декември 1947 година. Станува збор за значајни документи бидејќи тие фрлаат светлина не само на активноста на Еврејската верска општина во Скопје туку и на многубројните тешкотии со кои се соочувала Општината во својата секојдневна работа, како и на напорите што ги вложувала за да се надминат за да може да одговори на потребите и на барањата на своето членство.

Зборникот на документи е составен од вкупно 75 документи и неговата изработка е поддржана од Еврејската заедница во Република Северна Македонија.

Најнови објави