profilnologoWEB

РАБОТНА ПОСЕТА НА АРХИВОТ НА АЛБАНИЈА

Во рамките на работната посета, во периодот од 5 до 8 октомври 2020 година, од страна на Државниот архив на Република Северна Македонија, во Архивот на Албанија истражуваше делегација, во состав: д-р Музафер Бислими – заменик директор, м-р Ирфете Ибраими – советник и м-р Климентина Ивановска – раководител на одделение.

Во рамките на истражувањето во Архивот во Тирана, Република Албанија направен е целосен преглед на документацијата од фондот: „Ослободени територии“ („Tokat e lira“) кои се однесуваат за Македонија во периодот од 1941-1944 г. Прегледан е целокупниот фонд, а се порачани вкупно 222 досиеа со околу 3000 страници, кои треба да се скенираат од нивна страна, а потоа да се достават до нашиот архив.

Истовремено, во текот на истражувањето е порачано и добиено и CD со материјали за дејноста и животот на Мајка Тереза (вкупно 34 документи) и други 91 документи од фондот „Tokat e Lira“ (Ослободени територии).

Со директорот на Архивот во Тирана е договорено, овие материјали и материјалите од истражувањето минатата година за периодот од 1941-1944 г, како и материјалите од нашиот архив: „Народно ослободителни органи“, „Окупаторски органи“, „Воени единици и организации“ (1941-1944) да се направат заеднички проект-фондови. Целокупната документација која се однесува за овој период и ја има во двата архива да биде достапна за истражувачите на двете држави, како би можеле корисниците да ја имаат на увид целокупната документација, што е заеднички интерес.

Најнови објави