Во рамките на издавачката дејност, Државниот архив ја збогати својата библиотека со нов наслов „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“ чиј автор е проф. д-р Марјан Димитријевски. Делото преставува темелна и комплексна материја посветена на директорите на Државниот архив на Република Северна Македонија, а истото е особено знајачно поради фактот што преку богатите биографии и библиографии всушност се раскажува историјата на македонската современа архивистика и развојот на Архивот како еден од темелите на нашата историја, наука и култура. Ова несомнено богато дело го анализира растот и нагорниот од на оваа државна институција на чие чело биле токму овие директори.
Во речиси тридеценискиот период, додека тие биле директори на Архивот, удрени се темелите на кодифицирањето на современото македонско архивистичко законодавство. Токму ова дело го покажува и докажува придонесот на досегашните 13 директори на Архивот, кои секој на свој начин оставиле белег и дале значаен придонес во усовршување и афирмација на Државниот архив.
Активноста на директорите на Архивот на полето на архивистиката кај нас, заслужува да има пишана трага, која не само што ќе им даде достојно место во рамките на развојот на македонската архивистика туку ќе биде и трага на она што го направиле тие за време на својот мандат и го оставиле зад себе како влог за идните генерации историчари и архивисти.