На 10 август 2021 година, професорот Петер Павел Класинц, раководител на одделенијата за архивска наука на Alma Mater Europaea – ECM, заедно со Дитер Шленкер, директор на Историските архиви на Европската унија (HAEU), го организираа првиот онлајн симпозиум- „Дигитална трансформација во архивската наука.“
На симпозиумот учествуваа архивисти, академици и специјалисти по архивистика од цела Европа, како и претставници од Државниот архив на Република Северна Македонија, кои споделија искуства и разговараа за идни активности и бројни аспекти на дигиталното архивирање и архивската наука, теорија и практика.
Согласно овогодинешното мото „Сѐ завршува и почнува во Архивите,“ презентациите опфатија теми поврзани со дигитализацијата и дигиталните описи, како и со вештачката интелигенција и сајбер безбедноста.