f_ksrme5yw3

Саемски попуст на изданијата на Државниот архив

Државниот архив ќе учествува на 32. Меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи на отворен простор кај СЦ „Борис Трајковски – А1 Арена“, од 8 до 14 септември 2021 година.

На овој Саем, Државниот архив ќе претстави околу педесет наслови, меѓу кои изданија за познати историски личности, повеќе едиции на зборници од архивски документи за македонската национална историја кои се плод на истражувачката работа во архивите во странство, повеќе монографии што исцрпно обработуваат значајни настани и прашања од нашата историја како и оригинални трудови од истакнати историски личности.

Државниот архив редовно ја презентира својата богата издавачка дејност на Саемот на книгата во Скопје што е еден од начините за популаризирање на нашата историја и за презентирање на резултатите од архивското работење.

E pokana Saem na kniga 2021 pdf

Сите изданија на Државниот архив, како што е вообичаено, за време на Саемот ќе се продаваат со цени намалени за 30 насто и тоа на саемскиот штанд, во просториите на Државниот архив – централен дел, како и во подрачните одделенија во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово. Во рамки на Промотовниот центар на саемот планирано е да се промовираат три најнови изданија на Државниот архив, чии автори се истакнати научници.

За време на Саемот, ќе се одржат три промоции:


            8.9.2021 (среда) – од 11:00 ч. до 11:45 ч. – Промоција на Српски документи за историјата на Македонија, поглаварство на град Скопје, пасошка книга 1927-1929 (документи)/Dokumente serbe për historinë e Maqedonisë, kryesia e qyetit te Shkupit, libri i  pasaportave 1927 – 1929 (dokumente) од проф.д-р Музафер Бислими. Промотор: д-р Јасмина Дамјановска.
            10.9.2021 (петок) – од 12:00 ч. до 12:45 ч. – Промоција на Првите луѓе на Државниот архив (1951 – 2021) од проф.д-р Марјан Димитријевски. Промотор:д-р Марјан Иваноски. 
            13.9.2021 (понеделник) – од 14:00 ч. до 14:45 ч. – Промоција на Печат на времето 70 години Државен архив (1951 – 2021) од д-р Јасмина Дамјановска, д-р Бранислав Светозаревиќ. Промотор: д-р Емил Крстески.

Покровител на Саемот на книгата е Министерството за култура, а организатор на Саемот е Global Media Group. Работното време на Саемот за посетителите ќе биде од 10 до 21 часот.

За време на Саемот во целост ќе се почитуваат и применуваат сите мерки и препораки за начинот и условите на одржување јавни настани во согласност со  препораките на надлежните поврзани со заштитата од корона вирусот.

            Ве очекуваме на нашиот саемски штанд!

Најнови објави