Државниот архив го одбележува 30-годишниот јубилеј од нашето осамостојување со изложба насловена „30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА ДРЖАВА“. Изложбата се состои од 9 банери, на кои се претставени најважните документи, фотографии, личности и настани во периодот од сувереноста 1991 до денес. Поставката ќе биде изложена на 8 септември (среда) на новото шеталиште на Кеј 13 Ноември (спроти Археолошкиот музеј) од 10 до 18 часот.
Штипскиот архив чува оригинално свидетелство со потпис од Гоце Делчев
Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата



