Државниот архив по повод 8 септември – Денот на независноста, подготви изложба на оригинални документи и фотографии за дел од најзначајните историски настани што се случиле од осамостојувањето до денес. Изложбата, што ја отвори директорот, д-р Емил Крстески, содржи 10 паноа и е поставена на Кејот ,,13 ноември”, во близина на Камениот мост.
Штипскиот архив чува оригинално свидетелство со потпис од Гоце Делчев
Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата










