Во рамките на Саемот на книгата, на 8 септември 2021 година, се одржа промоција на изданието на Државниот архив „Српски документи за историјата на Македонија, Поглаварство на град Скопје, пасошка книга 1927 – 1929 (документи)“ / Dokumente serbe për historinë e Maqedonisë, kryesia e qyetit te Shkupit, libri i pasaportave 1927-1929 (dokumente), од проф. д-р Музафер Бислими. Промотор на настанот беше д-р Јасмина Дамјановска, која на присутните им ја презентираше важноста на овој историски извор за реконструкција на фамилиите, како еден од основните методи на историската демографија. Ова издание е важен информатор за учесниците во периодот меѓу двете светски војни.
Заеднички активности на ДАРСМ и ИВЗ во насока на зачувување на архивското наследство
Државниот архив на Република Северна Македонија и Исламската верска заедница, во просториите на ИВЗ на