Државниот архив и Одделението Битола, во соработка со Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, организираат изложба што ќе биде дел од официјалната програма на 42. издание на овој фестивал. Изложбата насловена Mementos/Спомени ќе биде поставена во НУ Завод и музеј Битола, од 17 до 24 септември 2021 година, во согласност со утврдените здравствено-безбедносни владини мерки и протоколи. Изложбата ќе содржи дел од богатиот архивски фонд на браќата Манаки, што се наоѓа во Државен архив – Одделение Битола, а во кој се вбројуваат нивни приватни документи, материјали, предмети и фотографии. На отворањето на изложбата се очекува да зборува и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
Заеднички активности на ДАРСМ и ИВЗ во насока на зачувување на архивското наследство
Државниот архив на Република Северна Македонија и Исламската верска заедница, во просториите на ИВЗ на