poster-saem-1

Државниот архив учествува на Студентскиот саем на книгата

На овој Саем, Државниот архив претставува околу триесет наслови, меѓу кои изданија за познати историски личности, повеќе едиции на зборници од архивски документи за македонската национална историја, кои се плод на истражувачката работа во архивите во странство, повеќе монографии што исцрпно обработуваат значајни настани и прашања од нашата историја, како и оригинални трудови од истакнати историски личности. Државниот архив редовно ја презентира својата богата издавачка дејност на Саемот на книгата во Скопје што е еден од начините за популаризирање на нашата историја и за презентирање на резултатите од архивското работење.

poster saem 1

Сите изданија на Државниот архив, како што е вообичаено, за време на Саемот се продаваат со цени намалени за 30 насто и тоа на саемскиот штанд, во просториите на Државниот архив – централен дел, како и во подрачните одделенија во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово.

Организатор на Студентскиот саем на книгата е НУБ „Свети Климент Охридски“. Работното време на Саемот за посетителите ќе биде од 10 до 17 часот.

За време на Саемот во целост се почитуваат и применуваат сите мерки и препораки за начинот и условите на одржување јавни настани во согласност со препораките на надлежните поврзани со заштитата од корона-вирусот.

            Ве очекуваме на нашиот саемски штанд!

Најнови објави