Pregled-Mladen-2021-Korica-3-1

Oбјавeна книгата „Преглед на национализираните наемни згради и земјиште во градежниот регион на градот Тетово (1958 – 1963) – низ архивските фондови“

Изданието „Преглед на национализираните наемни згради и земјиште во градежниот регион на градот Тетово (1958 – 1963) – низ архивските фондови“, од авторот м-р Младен Матовски, претставува придонес во проучувањето на локалната историја на градот Тетово и неговата околина. Акцентот во оваа книга е ставен врз прегледот на национализираните (одземени) наемни згради и земјиште во градежниот регион од приватни лица и правни субјекти во Полошкиот Регион. За полесно и побрзо наоѓање на податоците дадени во прегледот, изработени се регистри на лични имиња и географски поими.

Во него се содржани податоци за националниот состав на населението од коешто е вршена национализацијата во дадениот период, за бројот на домаќинствата од кои е одземен имот во процесот на денационализација, за локацијата на населението, каде живеело, односно местото и улицата на живеење во градот и околните села, како и надвор од општина Тетово.

Pregled Mladen 2021 Korica 3 1

Притоа, трудот на м-р Младен Матовски ја истакнува и улогата на Државниот архив и неговите подрачни одделенија во евидентирањето, докомплетирање и заштита на архивскиот материјал од имотно-правен карактер, како во Архивот така и во институциите кои располагале со овој вид документи. Подрачното одделение Тетово во периодот од 1991 до 2020 година одговорило на приближно 17.000 барања за регулирање на имотно-правните работи и за легализација на градежните објекти од приватен и јавен, односно државен карактер. Така, институцијата Архив го потврдува значајното место во севкупниот општествено-полититички и стопански живот.

Ова издание е наменето за граѓаните и правните субјекти од Тетово, поширокиот Полошки Регион, како и за научните работници.

Најнови објави