Во периодот од 20 до 25 март 2022 година заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, заедно со м-р Климентина Ивановска, раководител на одделение и м-р Ирфете Ибраими, в.д. раководител на одделение, е остварена научноистражувачка работа во главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија, и беа истражувани повеќе фондови, кои меѓу другото содржат фотографии и мапи.

Во рамки на престојот е остварена работна средба со директорот на Институтот за историја, д-р Африм Красниќи. На состанокот беше договорено да се отвори можност во иднина, архивисти од Државниот архив да можат да истражуваат во архивата на Институтот, кој располага со обемен архивски материјал. Документите со кои располага архивот на Институтот за историја се од Австро-унгарската Империја и потекнуваат од крајот на XIX и почетокот на XX век, кои се однесуваат и на историјата на Македонија.

.
Претставниците на Државниот архив, исто така, ги посетија и Македонскиот културен центар во Тирана и се сретнаа со директорот Златко Ориѓански, како и амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана, при што е остварена средба со амбасадорот Данчо Марковски.