saem logo

Државниот архив учествува на 34. Меѓународен саем на книгата

Државниот архив и оваа година учествува на 34. Меѓународен саем на книгата што се одржува во СЦ ,,Борис Трајковски – А1 арена” од 3 до 9 мај. На овој Саем Државниот архив се претставува со околу 50 наслови за познати историски настани и личности, како и монографии и зборници од архивски документи за нашата историја. ,,Со учеството на Државниот архив на Саемот на книгата во Скопје на извесен начин се популаризира историјата и архивистиката и е своевиден поттик младите повеќе да се интересираат за нив” – изјави директорот, д-р Емил Крстески. Сите изданија на Државниот архив се продаваат со попуст од 30 насто, а додека трае Саемот истиот попуст ќе важи и во подрачните одделенија на Државниот архив во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово. Во Промотивниот центар на Саемот ќе се промовираат и две најнови наши изданија од авторите: д-р Аднан Шериф и од д-р Љубица Јанчева, д-р Катерина Мирчевска и д-р Димитар Љоровски.

279220518 308152191476357 2634962738806128077 n
279405078 1024389104844309 7599322047168938913 n
278843837 308152161476360 4538207354874900392 n
279373504 2356099177880385 2526984659795321873 n
279369931 2064763813691470 5316905476025415082 n

Најнови објави