На 3 мај во 12 часот во Промотивниот центар во рамките на 34. Меѓународен саем на книга беше промовирана книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија, пописи од XIX век на христијанското население во Скопски Санџак – Каза Скопје 1832/33“, книга 2, дел 1 од доц. д-р Аднан Шериф. Промотор на книгата беше проф. д-р Владимир Јанев, кој покрај биографијата на авторот, ја истакна важноста на објавувањето на оваа публикација не само за Државниот архив туку и за пошироката читателска публика. На крајот на промоцијата говореше и авторот доц. д-р Аднан Шериф, кој се заблагодари на присутните и ја потенцираше важноста на книгата за натамошни истражувања.
Државниот архив дел од работата на Архивскиот комитет на НАТО
Во седиштето на НАТО во Брисел е во тек есенската сесија на Архивскиот комитет на