Државниот архив на 17 мај 2022 г. во соработка со ЛУ „Народен музеј” – Велес и Фондацијата „Ангел Петров”, по повод Меѓународниот ден на музеите ја отворија изложбата на документи и фотографии „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)”, одбележувајќи го истовремено и јубилејот на идеологот на македонското револуционерно движење. Изложбената поставка на Архивот беше збогатена со 12 портрети на академскиот сликар, велешанецот Ангел Петров, сите работени во различна техника.
На отворањето на изложбата се обратија Марин Клифов, директор на „Народен музеј” – Велес, авторката д-р Јасмина Дамјановска и Ангела Петрова, претставник на Фондацијата „Ангел Петров”.
Изложбената поставка во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена за посетителите до 28 мај 2022 г.




