Државниот архив заедно со светските архиви ја одбележува Меѓународната архивска недела

           Изложба „Ликот и делото на Слободан Михајлоски-Данче“

Државниот архив зеде учество во OPEN Agenda на настани на Меѓународниот архивски совет (Internacional Council on Archives ICA) во рамки на одбележувањето на Меѓународната архивска недела со претставувањето на изложбата „Ликот и делото на Слободан Михајлоски-Данче“ . Оваа изложба ја претставува меморијата и трагата кои ги оставил прилепскиот уметник Слободан Михајлоски-Данче во ликовната уметност. Станува збор за еминентен сликар, ликовен педагог и вљубеник во музиката, дел од генерацијата млади уметници кои се образувале и твореле веднаш по Втората светска војна. Како еден од учениците на Лазар Личеноски, неговите дела украсуваат институции, домови, во државата и надвор од неа. Благодарејќи на Слободан Михајлоски-Данче, зачувани се пејзажи од градот Прилеп и селскиот амбиент на прилепското поднебје, старата градска архитектура и Марковите кули.

9 6

Со предавањето на опусот на овој реномиран уметник на Државниот архив се овозможи одблиску да се претстави неговото ликовно наследство на почитувачите на ликовната уметност во државата. Изложбата ќе биде отворена на 8 јуни 2022 г. во просториите на Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение Прилеп.  Преку овој настан, Државниот архив дава придонес на меѓународно ниво во афирмација на Меѓународната архивска недела вбројувајќи се во редот на светските архиви кои креираа популарни настани за јавноста.

https://openagenda.com/iaw2022?utm_source=ICA+Members+and+contacts+Newsletter&utm_campaign=69a1ce50a9-EMAIL_MB_TPAG1_COPY_01&utm_medium=email&utm_term=0_84a7f06290-69a1ce50a9-330458189

Најнови објави