Државниот архив и Државната агенција – Архиви од Република Бугарија, денеска во Софија ја отворија заеднички подготвената изложба ,,Стари балкански фотографии”, која пред две недели и беше презентирана и на македонската јавност. Фотографиите се од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век и прикажуваат деталји од секојдневниот живот, обичаите, архитектурата, занаетите, народните носии и слично. ,,Оваа изложба е уште една потврда дека фотографијата е значаен историски извор за сите народи и држави и кој трба да го негуваме и во интерес на зачувувањето на македонската историја, култура и традиција” – рече, меѓу другото, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјал
Државниот архив во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство постојано презема