1

ДЕВЕТТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ АРХИВСКИ СОВЕТ ВО РИМ

Меѓународниот архивски совет од 19 до 23 септември 2022 година, под мотото „Archives bridging the gap“, во Рим, Република Италија, ја одржува Деветтата годишна конференција, на која учествуваат архивисти од целиот свет и има околу 200 говорници, кои зборуваат за актуелни прашања поврзани со архивското работење на светско ниво. Оваа конференција е во организација на Меѓународниот архивски совет, SOS Archivi, Symposia Srl и Генералната дирекција на архивите на Република Италија.

6

Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – www.ica.org) е неутрална, невладина организација, финансирана од нејзиното членство, која над 70 години ги обединува архивските институции и архивистите од светот и има околу 2000 членови од 161 држава. Меѓународниот архивски совет верува дека ефективното канцелариско и архивско работење е од суштинско значење за доброто управување, владеењето на правото, транспарентноста, зачувувањето на колективната меморија и пристапот до информациите од страна на граѓаните.

3.

На 9. годишна конференција на Меѓународниот архивски совет, која првпат од почетокот на пандемијата со ковид 19 се одржува со физичко присуство, учествува и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, кој има можност да биде дел и од состаноците на раководните тела на Меѓународниот архивски совет, како и на Генералното собрание на оваа организација и на состанокот на Извршниот одбор на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет. На конференцијата се дискутира за премостувањето на јазот помеѓу глобалното и локалното, јавното и приватното, правата и должностите, заради придонес во развојот на општествата во кои коегзистираат сите различни компоненти. 

2 4

На свеченото отворање на оваа меѓународна конференција, првпат пред членовите се обрати и новоизбраната претседателка на Меѓународниот архивски совет, г-ѓа Josée Kirps, директорка на Националните архиви на Луксембург.

4 2

Д-р Емил Крстески во рамките на конференцијата имаше средби и разговори со поранешниот претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на Националниот архив на Австралија, г.Дејвид Фрикер и со новоизбраната претседателка на Меѓународниот архивски совет, г-ѓа Жозе Кирос и претседателот на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет и директор на Националниот архив на Малта, д-р Чарлс Фаруџа.

1 1
2 5
3 1

Најнови објави