271772415_294144459422444_6402577566275599370_n (1)

Научноистражувачката дејност на Државниот архив се развива со поддршка на ТИКА

Државниот архив со Дирекцијата на државните архиви при Претседателството на Република Турција и Турската канцеларија за развој и соработка остварува долгогодишна успешна соработка, која дава видливи резултати и бенефити за институцијата во исполнувањето на стратешките цели. Како потврда на интензивната соработка, денес во посета на Државниот архив беа потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА од Република Турција, д-р Махмут Чевик, и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, при што остварија работна средба со директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

310539604 412033201088255 3748675679339022482 n
IMG 6016

Присутните на средбата разговараа за подобрените услови за работа во Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, благодарејќи на поддршката на ТИКА со чија помош беше адаптиран ентериерот во просториите и тие беа опремени со мебел и технички средства. Директорот д-р Емил Крстески искажа посебна благодарност и истакна дека со осовременување и подобрување на условите за работа во Одделението се создале солидни услови за работа на стручниот кадар што ќе влијае на постигањата во научноистражувачката работа. Тоа неминовно ќе доведе осознавање нови факти за македонската национална историја во дадениот период.

IMG 6033

            Двете страни на работната средба се согласија дека се отвораат нови перспективи за соработка во делот на развивање на архивската дејност и пренесувањето искуства. Културно-историското наследство е еден од мостовите што и во иднина ќе ги поврзува двете земји и нивните народи. Д-р Емил Крстески на гостите од Република Турција им подари копии од фермани кои Државниот архив ги поседува.

            Во рамки на посетата беше свечено отворен и Центарот за дигитализација кој исто така беше и ставен во функција со поддршка од Тика.

IMG 6040
IMG 6007
IMG 6014

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...