Државниот архив во своите приоритети го има развивањето на едукативната дејност со ученици од средните училишта и студенти од високообразовните институции. На тој начин се постигнува доближување на архивистиката како можен избор за професионална ориентација во иднина и се афирмира местото и улогата на Државниот архив во општеството. На 10.11.2022 г. (четврток) ученици од средното училиште на град Скопје „Раде Јовчески Корчагин“ заедно со предметниот професор по историја, го посетија Државниот архив при што имаа можност да се запознаат со процесот на работа и со значајна документација која се чува во Државниот архив
Долгодишни професионалци од архивот на учениците им го претставија начинот на преземање, средување и обработка, конзервација, дигитализација и користењето на архивскиот материјал. Вработените од читалницата и библиотеката претставија дел од издавачката дејност на институција и ги поканија учениците да го користат големиот библиотечен фонд за нивни потреби во текот на образованието
На крајот од посетата во рамки на дискусијата учениците поставуваа прашања до архивските професионалци при што изразија задоволство од успешната презентација и побараа повторно да се реализираат заеднички едукативни проекти.