Во рамките на договорот за соработка со Генералната дирекција на Државните архиви на Република Албанија, во Националниот музеј на Албанија во Тирана свечено беше отворена изложбата насловена „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“. На отворањето зборуваа директорот на Националниот музеј на Албанија, Дориан Кочи, заменик-директорот и воедно и еден од авторите на изложбата, д-р Музафер Бислими, и координаторот на оваа изложба директорот на Архивот на Албанија, д-р Ардит Бидо. Изложбата ќе биде отворена од 17 до 24 ноември 2022 година.
Оваа изложба беше свечено отворена и промовирана на 5 септември 2022 година, по повод 25 години од упокојувањето на светата Мајка Тереза. Составена е од 16 паноа со повеќе од 100 фотографии и документи.


