321329153_547337600741394_5360737754517499404_n

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ДРЖАВНИОТ АРХИВ ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ

Претседателот на Сојузот на борците од НОБ на град Скопје, Наум Бурески, на Државниот архив му додели Благодарница за посебен придонес и поддршка во остварувањето на целите и задачите на Сојузот на борците.

На средбата со директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и колеги од Градскиот архив, претседателот, Наум Бурески евоцираше спомени од револуционерното минато. Притоа беше договорена и натамошна соработка за чување на документи и архивски материјали со кои располага Сојузот на борците заради нивна заштита и негување и развивање на традициите од НОБ.

321186351 1229858404268664 7923221411788017639 n
321275280 1584843528632741 5010242387063855395 n
321329153 547337600741394 5360737754517499404 n
321482964 825045015423637 156218936931037787 n

Најнови објави