На денешен ден се навршуваат 555 години од смртта на Ѓерг Кастриот (1405-1468), роден во Круја, централна Албанија кој поради воените способности и заслуги го добил името Искендер беј, или на албански јазик Skënderbeg, по споредбите со воените тактики на Александар Македонски. Ѓерг Кастриот завршил воено училиште во Одрин, а потоа служел во османлиската војска каде што придонел во многу извојувани победи. По 1443 година кога учествувал во битката против Унгарците кај Ниш, тој ја напушта османлиската војска и заминал за градот Круја каде што го симнал османлиското знаме и развиорил црвено знаме со двоглав црн орел.
Кастриот кренал востание во дебарскиот крај и се осамостоил како владетел успешно одбивајќи ги нападите кои ги заповедале султанот Мурат и неговиот наследник Мурат II. Драч, Леж и Берат била освоени од Ѓерг Кастриот, а соработувал и со кралот на Арагон, Алфонс V, Венецијанците и Унгарците, додека папата Павле II го одликувал за „рицар на христијанството“. Овој славен средновековен албански владетел починал од болест во 1468 година. Ѓерг Кастриот останува симбол на слободата кај албанскиот народ, но и кај другите балкански народи, а неговото име и дело низ времето било инспирација во уметноста. Сер Вилијам Темпл истакнал дека Скендербег е еден од седумте најголеми владетели без круна, а Антонио Вивалди напишал опера „Скендербег“.