Arhivist_korica-2022C-3

НОВ ДВОБРОЈ НА СПИСАНИЕТО ,,МАКЕДОНСКИ АРХИВИСТ”

Државниот архив го публикуваше новиот двоброј на списанието „Македонски архивист“ (број 31-32, 2022) со што продолжи да ја афирмира научната мисла и постигнувања од областа на историјата, архивистиката и епиграфиката. Во последниот двоброј беше оставен простор за актуелни и популарни написи за постигањата на професионалците кои работат во Државниот архив во делот на меѓународната соработка, стручната работа како и дигитализацијата на архивските фондови од посебно значење.   

Главниот и одговорен уредник д-р Емил Крстески изразува посебна благодарност до авторите, рецензентите и членовите на Редакцискиот одбор за нивното учество и посветеност на квалитетот на списанието. Како списание со меѓународен импакт во чиј Редакциски одбор учествуваат звучни имиња од науката од САД, Република Хрватска, Република Словенија, Република Бугарија и други држави, останува единствен промотор на архивската дејност во државата и поддршка на истражувачите за нивните сознанија да допрат до стручната и пошироката јавност.  

На следниот линк е достапна електронската верзија на списанието.

https://arhiv.mk/wp-content/uploads/2023/01/Arhivist_2022-za-web.pdf

Arhivist korica 2022C 3

Најнови објави