Делегација од архивски работници со директорката Снежана Радовиќ од Историскиот архив од Ниш, Република Србија, на 10 март 2023 година (петок), го посетија Државниот архив при што беа запознаени со процесите на работа и технологијата со која располага Државниот архив.
Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, на работната средба со директорката Снежана Радовиќ изрази задоволство од посетата на гостите од Ниш и посочи дека меѓусебната соработка има широка перспектива на повеќе полиња.
Вработените од двете институции имаа стручни дискусии и разменија искуства од практичната работа. На архивистите од нишкиот Архив, меѓу другото, им беа презентирани постапките и технологијата за дигитализацијата на архивскиот материјал и работата во Секторот за средување и обработка на архивски материјал. Овозможување на квалитетна комуникација и излегување во пресрет на истражувачите беше еден од позитивните примери кои беа истакнати од архивските професионалци од Државниот архив.
Во рамките на посетата се одржа и посета на Одделението на Државниот архив – Скопје.