20230406_104357

Архивистиката како идна професија на учениците – приоритет на Државниот архив

Државниот архив преку спроведување Програма за архивска едукација продолжува да дава придонес кон развивањето интерес на учениците за историјата и архивистиката. И во текот на второто полугодие од учебната година, едукаторите од Државниот архив во соработка со основни и средни училишта ја афирмираат професијата на архивистите.

            Денес во посета на Архивот беа ученици од прва година од СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, во рамки на наставната програма по предметот Историја. Преку адаптирана презентација, на учениците им беа претставени теоретски и практични примери на процесите на работа. Односот на архивистот кон документите како и местото на Архивот во општеството беа дел од содржините на презентацијата.

            Заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими ги прими учениците при што одговараше на прашањата на учениците за Архивот и неговото значење. Стручната подготовка за посетата и претставувањето на институцијата беа реализирани од едукаторите Биљана Крстевска и Назмије Куртиш од Секторот за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување архивски материјал.

            Со спроведување на Програмата за архивска едукација, Државниот архив ја афирмира архивистиката како избор на учениците во стекнувањето високо образование.

20230406 103249
20230406 101457
IMG 248a329c2c69f3c7182bf59a432a29b2 V

Најнови објави